Skip to main content

„Континентал“ на Раду Јуде денеска во Кинотека

26 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК) 18:00 ч.
КОНТИНЕНТАЛ’ 25
(Kontinental’ 25)

Игран филм, Романија, Швајцарија, Луксембург, Бразил
2025, 109 мин., колор, ДЦП

Режија: Раду Јуде (Radu Jude)
Сценарио: Раду Јуде (Radu Jude)
Улоги: Естер Томпа, Анамариа Билуска, Илинка Манолаче, Мариус Дамиан, Сербан Павлу, Адриан Ситру, Габриел Спахиу (Eszter Tompa, Annamária Biluska, Ilinca Manolache, Marius Damian, Serban Pavlu, Adrian Sitru, Gabriel Spahiu)

Во Клуж, главниот град на Трансилванија, Орсоља работи како извршител. Кога ја добива задачата да го исели бездомникот од подрумот на зградата каде што живее, последиците се катастрофални, а Орсоља се соочува со голема морална дилема.

Новиот филм на Раду Јуде е остра сатира што ја маскира својата тежина под слоеви на апсурдна комедија. Филмот, инспириран од „Европа ’51“ на Роселини, е компактен и директен – сниман со iPhone, но полн со дијалози од цитати од Брехт до спомнувања на Газа и Украина. Естер Томпа во главната улога ја носи приказната со нејзината емотивна изведба , додека пејзажите на Клуж – од класична архитектура до сиви бетони – ја потенцираат темата за „гнилоста на општеството“ каде сиромашните се на маргините .

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

Поврзани вести