
Историски интриги и холивудски ѕвезди на едно место – „Killing Castro“ е новата биографска драма што ќе се прикажува во рамките на програмата на овогодишниот Торонто филмски фестивал, во септември 2025.
Режиран од Еиф Ривера (негово режисерско деби), а напишан од Томас ДеГрзија и Леон Хендрикс, филмот ги реконструира вистинските настани околу посетата на Фидел Кастро на Њујорк во 1960 година – време на тензии, заговори и тајни планови за негово убиство.
Во улогата на Фидел Кастро се појавува Диего Бонета, додека легендарниот Ал Пачино ја предводи актерската постава во неоткриена улога. Други значајни имиња во филмот се: Xolo Maridueña, KiKi Layne, Alexander Ludwig, Ron Livingston, Kendrick Sampson – како Малколм Икс, Nicole Beharie, Logan Marshall-Green, Titus Welliver и Paul Ben-Victor – како мафијашот Сем Џанкана.
Филмот се базира на вистински заговор на американските тајни служби и мафијата за убиство на кубанскиот лидер, додека престојува во Њујорк – делумно во хотел, а делумно во Харлем, каде што дури го посетил и Малколм Икс.
Снимањето започна во декември 2023 година, а „Killing Castro“ е првиот филм на Ривера како режисер. Засега филмот нема официјален датум за јавна премиера, но ќе биде прикажан за дистрибутери и продуценти во индустрискиот дел на TIFF 2025 – што го прави еден од најочекуваните тајни адути на фестивалот.
Со тематика што ја спојува историјата, политиката, шпионажата и личните конфликти, „Killing Castro“ би можел да стане следниот голем биографски хит на годината – особено со Ал Пачино во клучна улога и драматична приказна со реални историски последици.