Skip to main content

Хуманитарна проекција на „Силјан“ денеска во Кочани ќе ја активира кинодејноста во Центарот за култура „Бели мугри“

Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе ја активира својата кинодејност со нова киноопрема, а првата проекција ќе се случи утревечер во 19 часот, со филмот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска. На проекцијата ќе присуствуваат и Котевска, продуцентот Јорданчо Петковски, монтажерот Мартин Иванов. Филмот е снимен токму во околината на Кочани.

Од Центарот за култура во Кочани објаснуваат дека киноопремата е набавена од донираните финансиски средства од минатата година од страна на Агенцијата за електронски комуникации.

Првата проекција е со хуманитарен предзнак. Собраните средства ќе бидат наменети за повредените од минатогодишната трагедија на кои им е потребна долгорочна подршка. Билети може да се купат на билетарницата на Центарот за култура, по цена од 200 денари.

Поврзани вести