Skip to main content

Холандска вечер во соработка со фестивалот „Гоу Шорт“ и Еко-свест програма во склоп на четвртиот ден на „Дрим Шорт“

Покрај проекциите во Паркот на поезијата, денеска ќе се проектираат и филмовите во склоп на холандската вечер, соработка со фестивалот „Гоу Шорт“. Ќе се реализира и еко-филмската програма во соработка со „Еко-свест“ во Јуроп Хаус Струга. По сите проекции ќе се одржи церемонија со доделување на наградите и официјално затворање на фестивалот со музичка програма – диџеј сет на Андреј Мицајков во Барабар.Програма за 10 август (недела)Локација: Europe House Struga 10:00 Работилница за филмска критика Соочување со минатото 16:00 Свесно кино: Во соработка со Еко-свест – Проекции + дискусија 18:30 Холандска вечер: Филмови, дискусија, коктелЛокација: Парк на поезијата, Струга 20:30 Проекции на филмовиРегионална програма Мароко – Сташа Бајац, 20′, RS Светли летни денови – Невена Десивојевиќ, 14′, PT, RS

Меѓународна програма Пролет 23 – Жиии Ванг, 13′, CN Сузана – Амандин Томас, Герардо Коело Ескаланте, 15′, US, МХСпецијална програма „Соочување со минатото“ Ние бевме пејзажот – Кристофер Радклиф, 15′, USНационална програма Избор – Марко Црногорски, 17′, МК22:15 Церемонија на доделување наградиЛокација: Мезе Бар Барабар 22:30 ОФФ Музичка програма: Диџеј сет Андреј Мицајков

Поврзани вести