
„Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“ е насловена работилницата за деца што ќе се одржи в сабота (9 мај) во 12 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Преку проекција на избран детски филм, ликовна работилница, групни активности и драмска игра, децата не само што гледаат, туку доживуваат, создаваат и учат како да ги препознаат и разберат светот околу себе и сопствените емоции. Работилницата е наменета за деца од 4 до 12 години, а ќе ја води Ана Василевска, авторка и програмска координаторка на проектот. Таа низ интерактивен и топол пристап ќе ги води децата низ процесот на гледање, размислување и креативно изразување.
Во текот на тричасовната програма, децата ќе добијат:
– заедничко филмско доживување со внимателно одбран детски филм;
– креативна работилница (цртање и визуелно изразување инспирирано од филмот);
– воден разговор за препознавање емоции, другарство и вредности;
– групни активности што поттикнуваат соработка и самодоверба;
– драмска игра и импровизација;
– краток вовед во светот на филмот (како се создава приказна, улогата на ликовите, музиката и емоциите).
Бројот на места е ограничен, билетите се достапни на линкот.

Македонски




