
По повод одбележувањето на 20 години постоење на Агенцијата за филм започнува серија на мастеркласови со врвни меѓународни професионалци, со цел унапредување на знаењето и вештините во помалку застапените, но клучни сегменти на филмската индустрија. Првиот мастерклас ќе се одржи во Скопје на 7 мај (четврток) со почеток во 11 часот во киното Cineplexx во Skopje City Mall.Гостин-предавач е Andy Kennedy од Англија, еден од водечките светски професионалци во областа на дизајн и монтажа на звук, добитник и номиниран за престижните Emmy и BAFTA награди.Andy Kennedy е еден од поискусните професионалци во областа на филмскиот звук, со кариера што опфаќа повеќе од три децении и над 90 филмски и телевизиски проекти. Добитник е на две Emmy награди за монтажа на звук на минисериите Band of Brothers и Generation Kill. Претходната недела беше номиниран за BAFTA Craft Award за најдобар звук на серијатa Lockerbie: A Search for Truth.Неговиот пристап се одликува со силен фокус на автентичност и детална звучна атмосфера, при што често користи реални теренски снимки за да постигне уверливо и емотивно аудио искуство. Особено се истакнува во проекти каде звукот има клучна улога во раскажувањето, како што се историски драми и комплексни телевизиски продукции.Неговиот професионален ангажман го вклучува на некои од најзначајните светски продукции, меѓу кои се издвојуваат: Game of Thrones (прва сезона), Bohemian Rapsody, The Crown, Batman Begins, филмовите од франшизата Harry Potter, The Imitation Game и Fantastic Mr. Fox.Препознатлив по својот пристап кој се темели на автентичност, прецизност и емоционална длабочина на звукот, Kennedy ќе понуди уникатен увид во процесот на создавање звучен идентитет во современата филмска продукција.Овој мастерклас претставува ретка можност за директна средба со врвен светски експерт, и е наменет за филмски професионалци, студенти и сите кои сакаат да го продлабочат своето знаење во областа на звучниот дизајн. Настанот ќе се одржи на англиски јазик.Влезот е слободен, но местата се ограничени и неопходно е претходно пријава на следниотлинк: https://forms.cloud.microsoft/e/mWsB4PiaMLДополнително, на 8 мај ќе се одржи и затворена практична работилница, наменета за режисери и професионалци од постпродукција, каде учесниците ќе имаат можност за непосредна работа и размена на искуства со предавачот.

Македонски



