Eтнолошко документарниот филм „Хембој“, од етнологот Елизабета Конеска, во продукција на Музејот на Македонија, ќе биде прикажан во Љубљана помеѓу 27 февруари и 1 март 2025 на реномираниот фестивал – Денови на етнографскиот филм -ДЕФ, каде што во повеќе од 150 апликации од целиот свет е избран во 15 филмови за финалната програма.
„Хембој“ премиерно беше прикажан во рамките на петнаесеттиот Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“.
Македонската публика имаше прилика да го гледа и во Кинотеката на Македонија на јубилејниот 10-ти по ред Меѓународен фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ каде се прикажуваат филмови претставувајќи култури и приказни од целиот свет.
Филмот е снимен во Старата скопска чаршија, се прикажуваат трите генерации од семејството Незири кои го работат бојаџискиот занает. Ова е филм за наследството на занаетите и традициите во мултиетничко Скопје.