
Добитникот на годинешната „Златна мечка“ од Берлин за најдобар филм , а годинава и добитник на специјалната награда за особен придонес во филмската уметност, на 10. Јубилејно издание на МФФ Киненова е норвешкиот писател сценарист и режисер Даг Јохан Хагеруд.
Со вашиот прв дебитантски филм „Јас припаѓам“ привлековте големо внимание од филмската критика – филмот беше еден вид освежување поврзано со клучни теми од нашиот секојдневен живот. Како го оценувате вашиот прв дебитантски филм?
Тешко е да се одговори на тоа. Не мислам дека сценариото е толку добро колку што требаше да биде. Продукција беше хаотична. Направивме многу грешки како почетници. Исто така, се сеќавам на некои технички проблеми што предизвикаа одложувања. Не сум го гледал откако беше завршен, па не се сеќавам баш добро.
Дали мислите дека филмската уметност треба да биде страст и занимање во исто време?
Страст и занимање? Друго прашање на кое е тешко да се одговори. Тоа секако е занимање и треба да имате страст кон неа, или барем похотлив однос кон вашите амбиции. Како што треба за сè со што работите или се обидувате да постигнете.
Во вашите филмови се справувате со најинтимните емоции што луѓето ги доживуваат во своите животи, секс, љубов, соништа, страст, понижување, презир, страв, срам, непријатност, но исто така и голема желба да се сака, да се биде сакан, голема желба и храброст да се направи првиот чекор во „длабоката вода“ на непознатото и понекогаш е многу опасно. Дали понекогаш пишувате во вашите сценарија од сопствено искуство, дали го набљудувате однесувањето на луѓето, како ги дефинирате ликовите во вашите филмови?
И двете! Сакам да набљудувам, тоа ми помага да ја задржам мојата разумност и веројатно ги зајакнува мојата способност за емпатија. Мислам дека снимањето филмови и пишувањето може да се сметаат за екстремен спорт на покажување емпатија. Мора да се грижите и да го разбирате секој лик што го создавате. (Инаку, стануваат клишеа.) И за да го направите тоа, веројатно мора да вложите малку од себе во нив, како поинаку би требало да ги разберете? Значи, да, сите тие сум јас, на еден или друг начин.