
БЕЛО СЕ ПЕРЕ НА ДЕВЕДЕСЕТ
Whites Wash At Ninethy
Марко Набершник / Словенија, Италија, Хрватска, Македонија, Србија, Црна гора / 2025 / 144 мин
Филмот „Бело се пере на деведесет“ е трогателна, инспиративна и проткаена со хумор приказна за животот на Броња (Леа Цок), додека ја следиме низ различни фази од животот. Како дете, таа ужива во истражувањето на светот со својот помлад брат, Рок, и наоѓа утеха кај нејзината баба, Дада (Аница Добра). Но, нејзиното безгрижно детство завршува кога нејзината мајка ја губи битката со ракот, а во доцните тинејџерски години и таа самата мора да се соочи со подмолната болест, кога ѝ е дијагностициран Хоџкинов лимфом. Приказната е заснована на вистински настани и адаптација на истоимениот роман на словенечката писателка Броња Жакељ. Филмот го прикажува патот до созревањето на Броња во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век, преку нејзината лична трансформација, нудејќи им надеж и инспирација на гледачите.
Проекции
Среда, 11 март20:00
Оригинален јазик
150 ден
Четврток, 12 март20:00
Оригинален јазик
150 ден
Улоги
Леа Цок, Аница Добра, Јуриј Зрнец, Тјаша Железник, Жига Шорли, Меи Рабич, Јака Мехле, Владимир Тинтор, Ива Крајнц Баргола, Саша Табаковиќ, Јуре Рајшп, Полона Јух, Блаж Доленц
РежисерМарко Набершник
Година2025
ЗемјаСловенија, Италија, Хрватска, Македонија, Србија, Црна гора
Времетраење144 мин
Возрасна категорија14+
ФорматDCP
СОНУВАЧКИ
Sanjalice / The Dreamers
Владимир Петровиќ / Србија / 2025 / 69 мин
Еден од првите женски рок бендови во светот е основан во Белград, главниот град на Титова комунистичка Југославија, во 1960-тите. Тинејџерките Дода, две Лјилјани и Нена како ВИС Сањалице, соочувајќи се со сложените општествени околности и предрасудите од „чуварите на јавниот морал“ за наводно ширење на духот на бунтот, ја освоија музичката сцена, рамо до рамо со машките бендови. Тие се искачија до слава и одеднаш решија да се распуштат. Ова е нивната страна на приказната.
Проекции
Среда, 11 март18:00
Оригинален јазик
150 ден
Вторник, 24 март20:00
Оригинален јазик
150 ден
Улоги
Слободанка Дода Павловиќ, Лилјана Павлица, Лилјана Илиќ, Снежана Јушковиќ Стајиќ
РежисерВладимир Петровиќ
Година2025
ЗемјаСрбија
Времетраење69 мин
Возрасна категорија14+
ЈазикСрпски
ФорматDCP

Македонски

