Skip to main content

Агенцијата за филм формираше работна група за изработка на новата Стратегија за развој на филмската дејност

Како дел од заложбата за долгорочно унапредување на македонската кинематографија, директорот на Агенцијата за филм, м-р Сашко Мицевски, донесе решение за формирање на стручна работна група за изработка на Стратегија за развој на филмската дејност

Работната група е составена од истакнати професионалци од различни сектори на индустријата , со цел да се обезбеди инклузивен и сеопфатен пристап при дефинирањето на идните чекори на македонскиот филм. Агенцијата за филм останува отворена за дијалог со филмската фела, со цел конструктивните идеи и потреби на филмските работници да бидат земени предвид и соодветно рефлектирани во стратегијата.

Главните цели на новата Стратегија вклучуваат:

  • Утврдување на среднорочни развојни насоки за дејноста; 
  • Дефинирање на приоритети, мерки и конкретни активности за развој; 
  • Подготовка на акциски план со прецизни рокови и носители; 
  • Унапредување на меѓународната соработка и конкурентноста на домашниот филм. 

Работната група вклучува режисери, продуценти, актери, филмски критичари и претставници на фестивали и дистрибутери, меѓу кои:

Марија Апчевска, Лабина Митевска, Ибер Деари, Огнен Антов, Кумјана Новакова, Георги Унковски, Наум Доксевски, Самир Љума, Жарко Иванов, Сара Ферро, Маргарита Арсова, Ненад Станковиќ, Влатко Галевски и Николина Неделковска. 

По изработката на работната верзија на Стратегијата и Акцискиот план од страна на работната група, документите ќе бидат доставени до филмските здруженија на разгледување. Оваа фаза ќе овозможи професионалните здруженија да дадат свои предлози и придонес во унапредување на содржината, со цел финализирање на текстот. По завршување на овој процес, стратешкиот документ ќе биде доставен до Владата на Република Македонија на усвојување. Овој документ ќе претставува клучен патоказ за модернизација и одржлив развој на филмскиот сектор.

Поврзани вести