Skip to main content

75 години ДФРМ: Признание за фар мајсторот – Мане Насков

За време на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, во чест на јубилејните 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), беше врачена посебна Плакета на човекот чиј труд е тивок, а оставил длабоки траги -Мане Насков, фар мајстор.
Зад сјајот на големите филмски имиња секогаш стојат луѓе кои не ја бараат светлината за себе, туку ја создаваат за другите. Фар мајсторот е чувар на кадарот, уметник на техничката прецизност, човекот што прави филмот да дише и сцената да оживее, преку движењето на шини.
“Со ова признание, ДФРМ потврди дека филмот е колективна уметност и дека во историјата на македонската кинематографија секој мајстор има свое заслужено место.
Мане Насков со својата преданост и мајсторство стана симбол на таа вистина” – истакна претседателот на ДФРМ, режисерот Игор Иванов – Изи.
Наградата ја врачи продуцентот Роберт Насков, воли на Мане кој истакна дека „денес е она што е благодарение на Мане“, нагласувајќи ја улогата на мајсторите од сенка кои ја градат македонската филмска историја.
75 години традиција, посветеност и љубов кон филмот.

Поврзани вести