
Во култниот „Comedy store“ во Лондон, во конкуренција на 700 комичари од Обединетото Кралство на трети декември беше доделена наградата Најдобар стенд ап комичар во Велика Британија за 2025 која годинава ја доби Македонецот Влад Илиќ.
По фантастичниот успех кој што го забележа и ББС пред три години, ова е вистинско заокружување на кариерата на Илиќ.
Многу сум среќен што сите овие години на активно бавење со стенд ап се крунисани со ваква награда. Таа е признание, но и потврда за влогот, енергијата но најмногу за хуморот кој што го изведувам, а е особен и веќе препознаен. Она што ме издвојува од другите комичари е баш нашата култура, нашиот менталитет. Имаме некој уникатен начин на изразување, дали е тоа во фонетиката, во фразите кои ги користиме секојдневно, што ни овозможува да го погледнеме животот малку по несериозно, малку пообјективно од другите култури. Можеби секогаш ќе губиме од Англија во фудбал, ама за хуморот не бива“ – вели Влад Илиќ непосредно по добивање на наградата.
Илиќ ја започнува својата кариера како актер со театарски проекти во Кумановскиот театар, а подоцна инспириран од стенд ап настапите на Сашко Коцев, Тони Михајловски, Маријан Ѓорѓиевски, но и локални стенд ап ѕвезди, се насочува кон комедијата.

Патот до успехот во Англија и титулата Најдобар стенд ап комичар во Велика Британија за 2025, е долг, макотрпен, и подразбира развој од аматерски настапи до денес веќе присуство на култни сцени.
Ништо не е случајно во натпревар од вакви размери. Да, среќата игра мал дел од овој успех, но сега се препознаени сите доцни вечери во кои или настапував или пишував нови шеги, и токму тие се главната причина зошто и како се најдов во финалето – вели Влад Илиќ непосредно по добивање на наградата и дополнува дека е благодарен за „Mотивацијата која се влева од сите страна, првенствено од љубовта кон професијата, неисцрпната поддршка на семејството, како и гордоста што ја носам на секој мој настап, претставувајќи ја мојата татковина. Тој пламен ме грее дури и во најстудените на овој врнежлив остров.“, завршува Влад.
Тој веќе 10 години се занимава со стенд ап и своите шоуа ги изведува на четири јазици, англиски, македонски, српски и италијански.
Покрај титулата ова признание има и паричен чек со вредност од 10 000 фунти за кој Влад вели:
„Ќе го дадам во хуманитарни цели, на братучедите!“

Македонски






