Оваа песна и ја должиме на мајка Македонија … ни тежеше во градите , во вените , во грлата” – велат авторот и изведувачите .
Песна што ќе ја допре секоја Македонска душа до степен на наежување и солзи во очите . Го поставивме прашањето дали е можеби посветена на големиот Дамјан Груев ? ” И нему … а и на сите великани што животот безрезервно го положија и подарија за нашето посветло утре . … И на нашите поколенија на кои треба да им укажеме дека во нашите вени тече херојска крв и гени со кои што треба да се гордеат ”
Слушнете ја ” Даме од Македонија ” и дозволете им на Зуица Лазова , Наум Петрески и нивниот подмладок Стефан Петрески како изведувачи да ги погалат Вашите души . ” Пејте со нас … ние вака ја сакаме Македонија . И ги предизвикувам сите автори и изведувачи да творат и пеат за Македонија ” – вели авторот Соња Дојчиновска .
И додава – раскажувајте им на Вашите деца приказни за Македонија и слушајте Македонска музика ” .