Американската поп-ѕвезда Бијонсе донираше 2,5 милиони долари за помош на погодените од пожарите во Лос Анџелес, преку нејзината фондација „Бијгуд“ (Beygood).
Лос Анџелес, стоиме со вас“, објави кусо фондацијата на Инстаграм доцна синоќа.
Парите се наменети за поддршка на семејствата во населбите Алтадена и Пасадена кои ги загубија своите домови. Помош ќе добијат и црквите и прифатилиштата што им пружаат засолниште и поддршка на погодените лица во тоа подрачје.
Во пожарите во Лос Анџелес досега се потврдени најмалку 24 загинати луѓе, како и огромно распространето уништување изминатата недела. За следните денови, метеоролозите предупредуваат дека очекуваните силни ветрови би можеле дополнително да го разгорат пламенот.