
Дискотеката „Пулс“ во Кочани во која за време на концерт на групата ДНК се појави пожар во кој загинаа 59 лица, а 150 се повредени, немала легална лиценца за да работи, но сепак, во „дискотеката на смртта“ како што ја нарекуваат, имаат настапено голем број на македонски, но и балкански музички ѕвезди.
Пред една недела во дискотеката „Пулс“ последна настапи српската пејачка Јована Пајиќ.
Местото каде што сето тоа се случило е дискотека, не е некој шатор па толку лесно да се појави пожар. Ужасно е ова што се случило, многу ме потресе информацијата Не се сеќавам јас кога настапував дали имаше некоја пиротехника, за да може да се предизвика пожар“, вели Јована за српскиот портал „Република“.
@republika.zabava #natasaninkovic #bulegoncic #tuzno #cerka #aleksandragoncic #republikatv ♬ original sound – Republika Zabava
Но, Јована Пајиќ не е единствеата којашто имала настап во дискотеката. Меѓу балкански ѕвезди коишто настапиле во Кочани се Наташа Беквалац, Милица Павловиќ, Војаж, Раста и други.
Свои настапи во „Пулс“ имале и македонските ѕвезди, Антониа Гиговска, Либеро бенд, Барбара Ракичевиќ, Дј Галоски, Панчо како Дј Шорти, Ивона Јо и други.