
Скопје влегува во финалното одбројување до едно од најголемите и најочекувани електронски шоу-доживувања во историјата на македонската музичка сцена. За само четири дена, на 13 декември 2025 година, глобалниот феномен ARGY ќе настапи во арената „Борис Трајковски“ со спектакл што по стандард, продукција и енергија стои рамо до рамо со најголемите светски фестивали.
Последните подготовки се во полн ек. Во арената „Борис Трајковски“ веќе се поставува една од најголемите и најкомплексни сценографии што некогаш се реализирале на македонски терен. Се инсталираат напредни светлосни конструкции, огромни LED платна, силни визуелни системи и аудио технологија со светски стандарди што овозможува масивен, чист и прецизен звук. Ова шоу ќе го претвори просторот во импресивна катедрала на звук и светлина, каде секој елемент од сценог

Македонски







