Skip to main content
8zRQKvQ4Zrw

Ареа и Young Dadi со нова верзија на хитот „Очи ангелски“ – 25 години потоа

Песната „Очи ангелски“, безвременската нумера на Ареа, добива нов живот и нова димензија во ново издание во соработка со Young Dadi.

Новата верзија излезе во етер синоќа, на 29 октомври, само десет дена пред големиот концерт на Ареа во СЦ „Јане Сандански“, закажан за 8 ноември, по повод 25 години од легендарниот албум „Врати на имагинација”.

„Очи ангелски” е песна која уште во 1999 година беше пред своето време – песна што во секое време звучи безвременски. Денес, 25 години подоцна, добива нова енергија и нова димензија преку соработката со Young Dadi, велат од Авалон.

Видео спотот го потпишува TAKAT Studios, со режија на Александра Костадиновска и дирекција на фотографија од Борис Ралев.

Во видео записот се појавува Мартинa Марковска додека за изгледот на Young Dadi се погрижија Клара Кокев (стајлинг) и Bobcut (коса), а за шминката Зорица Николова.