
Во пресрет на локалните избори во МАКЕДОНИЈА што треба да се одржат на 19-10-2025 година.
Денес, благодарејќи на интензивно мобилен временски и просторно силно развиено движење на луѓето, низ светот, скоро сите имаме прилика да се нагледаме и восхитуваме на вредности со зачудувачка убавина, градби што физиката не може да ги објасни, земјината гравитација ништо им не може, убавината им е незаменлива и извор на вечна инспирација на младите градители кои надоаѓаат.
Се восхитуваме на чудесните замисли слеани во проекти и завршени монументи, подарени несебично на човештвото.
Градители на пирамиди, царски палати, висечки градини, светилници, библиотеки, цркви, џамии, пагоди, синагоги, уметнички ремек дела… !
Се поклонуваме на вештите раце на Мидија, Леонардо да Винчи, Микеланџело, Гауди, Рајт, Роден, копаничарите Гарката и другите и величествената испорака на врвно градителство на нашите македонски неимари од 19 век.
Тоа е општо познато и целосно признато благо на човештвото и припаѓа на целиот свет.
Но, има нешто што сите го забораваме, а без тоа ни сантиметар од земја немаше да се подигне СКЕЛЕТО.
Без СКЕЛЕТО единствена градба што човекот може да ја направи, за жал е само нашето вечно почивалиште.
Сите знаеме што е СКЕЛЕ и која е неговата улога во изведба на секоја градителска вредност што се стреми кон небесниот свод.
Има скелиња што се продаваат, има и што се изнајмуваат, а има и такви што се позајмуваат, кога ќе ја завршат својата улога се одложуваат до следната градба.
Но има само едно СКЕЛЕ што ниту се позајмува, ниту се продава или изнајмува и никогаш не се одложува, постојано е во функција, не одмара, само се преместува од една до друга градба, никогаш не се заборува, ниту за возврат нешто бара.
Тоа е СКЕЛЕТО што има само едно семејство на кое што му служи верно за навек, а тоа ЧЛЕНСТВОТО И ВЕРНИТЕ ГЛАСАЧИ на ВМРО-ДПМНЕ и нивната мајка доилка, хранителка, бранителка, учителка и ѕвезда водилка низ животот, МАКЕДОНИЈА.
Мили мои сопартијци верни на светиот завет, идеолошки титани, возвишени во длабоката вера во КАУЗАТА МАКЕДОНСКА, ВЕ молам, ние сами СКЕЛЕТО ВМРОВСКО, да се поставиме цврсто, со љубов и оригинална функционалност да изградиме уште една фасцинантна градба што ќе застане во редот на убавини и вредности подарени на нашиот народ!
Убедлива победа на претстојните локални избори во сите општини на МАКЕДОНИЈА и градот СКОПЈЕ, ќе ги разгали душите на граѓаните, ќе ги стоплат срцата, ќе ја зацврстат верата и ќе ја потврдат сигурноста во нашата верба дека ова што го правиме за нашите семејства, за граѓаните, за татковината е најголемото добро произлезено од нас, што од друга страна, кај сите делови од верното “СКЕЛЕ“ создава институција која нé води кон уште многу, многу силно и цврсто убедување дека она што го правиме е вистинскиот дар што сме должни да го подариме на нашиот народ и татковината.
Навистина, тоа “СКЕЛЕ“ можеби е невидливо и е изградено од нас сите заедно, вложувајќи го нашиот целосен духовен капитал, заеднички потпрени на нашите цврсти рамења, подметнати носечки столбови, кои не можат да се рушат, туку само се воздигнуваат кон небесните висини допирајќи ги ѕвездените вредности испорачани на својот народ, што недвојбено ги заслужува.
Овој пат мои вешти и ненадминати градители, распостелете го нашето СКЕЛЕ низ цела МАКЕДОНИЈА, за зацврстете ги не`рѓосувачките елементи од кои сте создадени во соединение што носи радост, среќа и благосостојба.
Направете го тоа за сите и за МАКЕДОНИЈА.
Направете го најцврстото и најфункционално СКЕЛЕ, за повторно, по кој знае пат, да му овозможиме на нашиот верен проектант, архитект и изведувач, врвен неимар градител, нашиот почитуван лидер Христијан Мицкоски да ни подари заедно со сите нас и за сите уште една нова прекрасна градба со која ќе се гордееме но и ќе ја користиме подеднакво сите.
Ова било до сега многупати, повторно ќе се случи.
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД тоа го заслужува!
Ве молам и ВИ порачувам топло:
Немој да седиме на трибините, слезете долу на терен, кондициски максимално спремни, духовно силни и со вера непогрешлива.
Од гледачи трансформирајте се во актери на теренот и нема што после да ја преиспитувате вашата совест, пред себе, пред своите деца, пријатели, комшии, сограѓани и соработници дали тоа што сте го направиле е добро.
Сте го направиле НАЈДОБРОТО.
Особено ве замолувам да ги подржете сите наши докажани кандидати за градоначалници, нашите советнички листи од експерти и докажани родољуби.
Градот СКОПЈЕ каде што има повеќе гласачи од десетина земји во Европа и е своевиден пандан на избори од парламентарно и претседателско значење, гласајте за докажаниот, Вашиот кадар ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ – ТОЈ е најдобриот ИЗБОР.