Skip to main content

Организацијата ве повикува!

Верни синови на ОРГАНИЗАЦИЈАТА, вечни борци за светата КАУЗА, почитувани ВЕТЕРАНИ, продолжувачи на делото, секогаш сите до еден поредени во првиот ред, бедем одбрана на татковината МАКЕДОНИЈА, лојални и непоколебливи, извор на вечна инспирација за младите, како и секогаш, а и кого друг да повика ТАТКОВИНАТА ако не ВАС тврдокорните: ВЕ повикува да го зададете конечниот удар врз здружените непријатели, кои што навидум едни лесни, пријателски, демократски спроведени локални избори се обидоа да ги подигнат на ниво на разурнувачки поход за рушење на легална и истовремено извонредно успешна демократски избрана власт.

Црнилата на нивната најцрна кампања, невидена до сега, далеку заостанува зад нивните крајни цели, разнебитување на татковината, страв, мрак и црнила испорачани на мирољубивиот смирен и културен народ.

Но, тој народот, им залепи таква шлаканица што уште 20 години нивните ѓон образи ќе црвенеат, а во ушите ќе им одѕвонува сенародната порака – казна: МАРШ да ве нема.

Во тоа име како и секогаш сплотени во вечна симбиоза со граѓаните, од благодарност кон нив величествените за ШУТ – картата од првиот круг, сега истата да ја потврдиме, завршиме на 2 ноември и народот засекогаш да се ослободи од овие непријателски обоени елементи и душмани на демократијата, но силни поддржувачи на насилство и приврзаници на темнината наспроти светлината на денот.

Излезете сите со своите семејства, комшии, познати, пријатели, роднини, војнички другари на 2 ноември, заокружете го бројот 9 и бидете непосредни учесници – херои на ова своевидно бескрвно демократско востание и да се ослободиме од нив, политички, засекогаш.

МАКЕДОНИЈА ТОА ГО ЗАСЛУЖУВА!

Поврзани вести