Skip to main content

МАКЕДОНИЈА – Балканска држава со Европски вредности

Денес, утрото после победата, и на сите убедени скептици и нихилисти им стана јасно.

            ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ е роден лидер и победник но и реформатор државник каков што до сега не се појавил на овие простори.

            Реформатор на граѓанската мисла, политичка филозофија, еднакви можности за секого со вградени и истовремено ставени на располагање на човештвото и патриотските чувства, но и љубов кон секој човек без оглед на национална, верска, политичка определба, слеани во обединувачко соединение од најскапоцените човекови вредности, што секого го воздигнува, изедначува и нé прави корисни граѓани и храбри луѓе кои не се плашат од никаков предизвик, препреки, стапици и заседи што постојано ни ги подметнуваат, стереотипни застарени и одвеани со ветрот квази патриотски р`ѓосани, наводно загрижени а всушност кукавици од прва категорија, засолнети под сигурниот кров или во торбата на злото од ѓаволот на кого и му припаѓаат, го величаат и го слават сеејќи црно семе на поделби.

            Готово е со тој декадентен начин на размислување, големиот реформатор и лидер ве дотолчи и ве фрли на периферијата и историјата како истрошени политичари, но и занесени пропагатори удавени во тешка кал од каде нема избавување.

            Силата на заедништвото, збир од разлики е непобедлива и расте пропорционално, колку повеќе различности во обединетото толку поголема сила на вредности испорачани на народот, односно сите граѓани со еднаква понудена стартна позиција, за секој кој што сака и може да се носи со предизвикот и да дава за заедницата, а истовремено и да го живее својот живот и семејството во слобода, изобилие, релаксирано, безбедно, да се радува гледајќи ги своите, ближните, но и сите околу него, среќни, задоволни, креативни, економски, правно и културно воспитани граѓани.

            Овој пат го избра РЕФОРМАТОРОТ, сите зрели елементи носители на сеопштествениот прогрес, застанавме цврсто и непоколебливо зад овој процес, што пак нé става под знакот на равенство со сите демократски развиени земји што го прават светот подобар.

            За потсетување:

            Во 1998 година Светското првенство во фудбал за првпат го освои Франција играјќи во формација и состав, внимавајте: 11 фудбалери = 11 различни националности сите под знамето на Франција и сите Французи.

            Недела, 19 октомври 2025 и 2 ноември истата година Сите  заедно Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми, Власи и сите други ЕДНАКВИ, МАКЕДОНИЈА конечно ја направивте СВЕТСКИ ШАМПИОН во демократија, заедништво и иста цел.

            Има ли нешто поубаво, позрело, поприфатливо од оваа голема манифестација на заедништво и доверба.

МАКЕДОНИЈА тоа не го заборава, го цени, ви се заблагодарува и за едно дадено на НЕА, враќа 100 за ВАС.

            Тие кои што даваат се најбогати затоа што само она што ќе го подариш е твое.

            Според својата антологиска издашност МАКЕДОНИЈА Е НАЈБОГАТАТА.