Skip to main content

До овдешниот Епштајн и неговата банда: Господ е милостив, простува. Македонија НЕ.

Во пресрет на најхуманиот и најблагороден православен христијански празник Поклади
или Прочка, преку кој Господ нé повикува на проштевање и помирување меѓу луѓето, но и со
покајанието за сторените гревови кон НЕГО, ВЕРАТА и ЧОВЕШТВОТО. Еве и јас како и секој
христијанин се придружувам да ја подадам својата рака на помирување кон секого, дури и кон
моите најголеми непријатели.

И тој чин на искреност и отворени душа и срце, го сметам за највисок дострел на личниот
мој однос кон канонските вредности на христијанството. Но, тука застанувам и понатака сум
апсолутно немоќен, како поединец, да го барам истиот начин на постапување и однесување на
мнозинството, од заедницата, поточно речено од еден тешко напатен и онеправдан народ,
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Има неколку гревови, многу малу за кои човек којшто направил барем еден од нив, не
само што не се дозволува простување, туку напротив, не е дозволено ниту покајание, а камо ли
прошка за некој од тие гревови.

Еден од најголемите можеби и најтежок е предавството на својот народ, својот род,
својата татковина.

И, апсолутно оправдано, без никаква резерва, зборувам за лични и групни предавства
коишто со нивната разорна моќ и сила, може лесно и засекогаш да исчезне сé што со векови и
милениуми дотогаш се одржувало, растело, жилаво се бранело и во таа борба често со многу
жртви било доведено до раб на пропаст засекогаш.

Но не се дозволило. Во многу потешки времиња. Срам голем ќе биде за оваа генерација
да ви ги прости предавствата, денес кога МАКЕДОНИЈА живее со процут на зрелоста на
благородното МАКЕДОНСКО СЕМЕ тукашно автохтоно, што некои мрачни сили потпомогнати од
овие најцрните домашни, сака да го расеат насекаде под туѓо име, со неразбирлив начин на
употреба и на туѓи почви каде што не вирее во земја неродна, за нас и непозната освен на нашата
најплодородна, најдародавна нива МАКЕДОНСКА што штедро го дарува својот народ, со највисок
просек по хектар црна земја што раѓа и по 100 јунаци МАКЕДОНЦИ.

Заветот, пораките што како извор на вечна инспирација бистро силно тече, како вода
допира до секого од нас, онаа вечна парола: СЛОБОДА или СМРТ, секако облагородена и
хуманизирана без насилство но со незапирлив туку забрзано еруптивно да продолжиме
решително да ја одбраниме честа и да ја сочуваме гордоста на нашата татковина МАКЕДОНИЈА.
Затоа со гнев и резигнација се обраќам до овдешниот Епштајн и неговата банда којшто
благодарејќи на она што го поседува, а незаконски го стекнал, и понатака држи во заложништво
судии, обвинители, поранешни и актуелни политичари, новинари, професори, академици и други ќумур карактери, свиткани кичми, корумпирани до гуша, бараби од најдолно милје, од дното на
пеколскиот казан.

Место таму да останат како казна што ја заслужиле, сега за да ја избегнат вистината за нив
и да се посрамотат пред, прво себе, своите семејства, пријателите на кои им нанеле тешки
неправди и понижувања и најтешкото, ќе прифатат да бидат грешници за кои нема прошка и
помилување, да бидат и предавници на својот народ.

Ама, што е проблемот. Проблемот е вашата наивност. Наивност што верувате дека
доказите за вашите недела, мислите ги има само тој, овдешниот Епштајн, ве уценува и ви се
заканува, а вие тонете ли тонете во духовни мрши, се сушите од проклетството на совеста,
очекувајќи дека ќе ја сокриете вистината од народот. НАРОДОТ сé знае. Нема човек кој не
слушнал или не видел за што и на што сте спремни да ја продадете вашата еродирана до
максимум чест. Секој ден сте предмет на исмејување, секој момент има нови и смешни, банални,
срамни и антинародни дејствија, што сé сте правеле.

Но има и сериозни докази за висок криминал, корупција, неправда, вазалство и
систематска берза на тргување со вашата човечка нечесност. Знаат сите, знаат и оние коишто не ве
познаваат, оние коишто ви се комшии, знаат пазарџиите, пензионерите во парковите, вашите
пријатели ако ги имате, многу добро знаат оштетените од вас знаат и вашите најблиски.
Конечно знаете и вие, ама немате што да правите.

За пуста власт, комодитет, привилегии и богами најмногу за народните пари, молчите,
мудро молчите.

Нема што да правите. Монструмот Епштајн овдешен, вие самите го создадовте, сега
немате каде, ќе бидете уште извесно време бандитите, а потоа робијаши. Ќе го почувствувате
амбиентот и атмосферата што им ги дадовте на долг рок, по 10 год.-12 год.-15 год.-20 год.
затворски казни на невини луѓе патриоти.

Епштајн и неговата присна соработничка ви носеа на рака однапред определени од нив
црни судбини, вие наречниците облечени во тие одори што секаде симболизираат правда и
правдина, а за вас тесна поврзаност со црниот ѓавол со кој најдобро се познавате, се разбирате и
постојано се дружите за да правите пакост на чесни луѓе.

На крај, до тебе Епштајн и твојата БАНДА. Ве амнестирам, правам јасна разлика меѓу вас
овдешните и покојниот Епштајн, кој ако се земат во предвид димензиите и пропорциите, според
злосторствата што вие им ги направивте на својот народ, е мало дете.

Чинам, среќа ќе беше и полесно за сите нас тоа што е тој да бевте и вие. Вака ја
обесчестивте младата девојка МАКЕДОНИЈА. НЕМА ПРОСТУВАМ.

Поврзани вести