Skip to main content

Празнична ВЛТ џекпот магија: Неверојатни 10.641.052 денари во Охрид – Ројал џекпотот донесе среќа за Б.С.

Новата среќна ВЛТ локација е во Охрид. На 18.12.2025 година, охриѓанката Б.С. освои фантастични 10.641.052 денари со празничниот РОЈАЛ ЏЕКПОТ.

Празнувањето на 2026 година може да започне со насмевка! Б.С. е најновата среќна ВЛТ играчка која ја доживеа празничната магија и освои импресивна џекпот добивка- фантастични 10.641.052 денари со празничниот РОЈАЛ ЏЕКПОТ.

И јас бев меѓу оние кои не веруваат дека ваквите добивки навистина се случуваат, но сега знам дека се вистински“, ни раскажа среќната добитничка. „Одлучив да си ја пробам среќата и за многу кратко време, за само неколку минути, станав добитничка на РОЈАЛ ЏЕКПОТ.“

Веднаш по освојувањето на добивката, Б.С. му се јавила на сопругот.

„Седнавме на кафе и ја споделив среќната вест. Во првиот момент не ми поверува, но откако детално му објаснив, сфати дека е вистина. Потоа заедно ја споделивме радоста и со семејството. Ова е вистинско новогодишно изненадување за сите нас.“

Таа открива дека плановите за освоените 10.641.052 денари се веќе направени:

Има доволно за сѐ. Прво ќе го затвориме кредитот што го подигнавме за уредување на куќата, а потоа ќе си ги исполниме и останатите желби. 2026 година ќе започне прекрасно.“

РОЈАЛ ЏЕКПОТ добивката во вредност од 10.641.052 денари е освоена на ВЛТ локацијата Клуб Спорт 77 Евротип во Охрид, на 18.12.2025 година.

Видеолотарија Касинос Австрија, следејќи го интересот и задоволството на верните играчи, од 01.12.2025 година ја активираше новата дополнителна џекпот добивка – РОЈАЛ ЏЕКПОТ, со опсег од 8 до 12 милиони денари.

Првиот РОЈАЛ ЏЕКПОТ беше освоен во Струмица на 08.12.2025 година. Покрај РОЈАЛ ЏЕКПОТ, активни се и добро познатите џекпот добивки – Милионер и Мини Џекпот. Побарајте ја најблиската ВЛТ локација, уживајте во празничната магија и забавувајте се одговорно.

Поврзани вести