Skip to main content

Државна лотарија – во поддршка на културата и општествениот развој

Државна лотарија

Сигурно сте забележале дека во последната година Државна лотарија општествената одговорност ја потврдува како срцевина на своето дејствување.

Низ историјата во Европа и светот лотариите што се управувани од државата се основани со цел поддршка на заедницата. Тоа е и мисијата на Државна лотарија − преку одговорно приредување игри на среќа, за граѓаните на територија на Република Македонија, да инвестира во поддршка на општеството и неговиот развој. Компанијата на којашто еден од столбовите на стратегијата е директната инвестиција во општеството, дополнително создава можност за граѓаните над 18-годишна возраст преку учество во игрите на среќа да се вклучат во тој голем круг на заемна поддршка. Кога еден учествува во игрите на среќа на Државна лотарија, сите добиваат: во континуитет, од секоја поединечна уплата се одвојува процент во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели.

Џејсон Деруло / Фото: Државна лотарија

Во последната година, низ интензитетот на своето присуство како поддржувач на манифестации и иницијативи во културата, спортот, науката, образованието и проекти од јавен интерес со цел збогатување на квалитетот на содржините на заедницата и нејзино зајакнување, компанијата се истакнува како препознаен и активен член на општеството.

Масив Атак / Фото: Државна лотарија

Кога зборуваме за поддршка на настани на полето на културата, присуството на брендот на Државна лотарија потврдува дека компанијата се залага за градење вредности, за проширување на видикот и за негување на традицијата. Исто така, се залага и за збогатување на содржините во заедниците, за што се доказ и многубројните настани во последната година − празнично обележана со настаните „Зимска бајка“, коишто преку театарска претстава и настап на македонски поп-пејачи во скопските општини внесоа празничен новогодишен дух.

Масив Атак / Фото: Државна лотарија

Препознавање на потребата од збогатување на нашата културна сцена се огледа низ поддршката на големи културни манифестации меѓу коишто: фестивалот „Видик“ спој на литература, музика, театар, дизајн и филм, со хуманитарен карактер; манифестацијата „Ѓура Мара“ − симбол на локалниот идентитет и носител на културниот континуитет; најпопуларната забавна музичка манифестација „Златна бубамара“ на популарноста; гала концертот на Вејчеслав Поповски – македонски академски оперски пејач и мајстор за изработка на гудачки инструменти.

Масив Атака / Фото: Државна лотарија

Под логото на Државна лотарија, на македонските сцени уживавме во изведбите на: еден од најголемите тенори на денешницата − Пласидо Доминго (Placido Domingo); на легендарните Масив Атак (Massive Attack) и Армин ван Бјурен (Armin Van Buuren) – имиња што инспирираат генерации; на светската поп-ѕвезда Џејсон Деруло (Jason Derulo), а сведоци бевме и на долгоочекуваниот концерт на култниот австралиски музичар Ник Кејв (Nicholas Edward Cave).

фото: Државна лотарија

Државна лотарија се гордее што во милјето настани од културата поддржани само во последната година се концерти од светски размери, но и домашни манифестации и настапи на македонски уметници и културно-уметнички друштва.

фото: Државна лотарија

Преку својата деловна активност, која е во симбиоза со општествена одговорност, компанијата ја потврдува својата улога на промотор на етичко работење со фокус на инвестирање во заедничкото добро, активен член на општеството и партнер на општествениот развој. Компанија што преку одговорно приредување игри на среќа ја реализира својата мисија посветена на благосостојбата на заедницата во којашто, кога еден учествува во игри на среќа на Државна лотарија, сите добиваат.

Пласидо Доминго / Фото: Државна лотарија
Вјечислав Поповски /Фото: Државна лотарија
Зимска бајка / Фото: Државна лотарија
Златна бубамара / Фото: Државна лотарија
Златна бубамара / Фото: Државна лотарија
„Златна бајка“ / Фото: Државна лотарија
Видик / Фото: Државна лотарија
Видик / Фото: Државна лотарија

Поврзани вести