Skip to main content

Семакедонски православен христијански собор во Велес

Во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Велес денеска на празникот на Сите македонски светители се одржува традиционалниот Семакедонски православен христијански собор. 

Со Светата архиерејска литургија, која почна во 8:45 часот чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на архиереите на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на бројно македонско православно свештенство. 

Семакедонскиот црковно-народен собор, почнувајќи од 1998 година, веќе дваесет и седум години се одржува во првата недела од месец октомври, период во кој се има случено еден од најважните настани за МПЦ-ОА. Во 1958 година, од 4 до 6 октомври, во катедралниот храм на „Света Софија“ во Охрид е одржан Вториот црковно-народен собор, на кој е донесена Одлуката за возобновување на Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Токму во чест и спомен на овој историски настан Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го има востановено чествувањето на празникот на Сите македонски светители. 

Поврзани вести