
Во Спарта Ивент Центар во Велес вчерева ќе се одржи хуманитарниот концерт „Together for a Better Tomorrow – Заедно за подобро утре“, посветен на поддршка на лицата со церебрална парализа.
Публиката ќе има можност да ужива во настапот на „Starboy & Friends“, а истовремено да стане дел од настан што ги обединува музиката, хуманоста и заедништвото.

Целта на концертот е да се подигне јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со церебрална парализа, но и преку заедничка поддршка да се испрати силна порака дека секој човек заслужува еднакви можности, достоинство и подобра иднина.

Македонски


