
Денес во рамките на Светската конференција на УНЕСКО – МОНДИАКУЛТ во Барселона, земав учество на два панела, информираше на својот фејсбук профил министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Најпрво бев дел од панелот „Culture and Education – Cultural Rights – Culture and Peace“, заедно со колегите министри и високи претставници од различни држави и организации и тоа г-ѓа Моника Бонел Тусет, министерка за култура, млади и спорт на Андора, г. Шеик Калифа бин Ахмед Ал-Калифа, претседател на Агенцијата за култура и антиквитети на Бахреин (BACA), г. Муса Моис Сила, министер за култура, туризам и занаети на Гвинеја, г-ѓа Марија Еугенија Ерера, министерка за култура на Панама, г. Сергеј Першин, заменик-министер за култура на Руската Федерација, г. Арам Хакобјан, амбасадор и постојан претставник на Република Ерменија во УНЕСКО и г. Фулженс Ликаси-Бокамба, комесар за образование, истражување и социјален развој, човекови права и владеење.
Во моите обраќања:
Потенцирав дека културата е право, а не привилегија – таа е светлина што ги поврзува различностите и создава заедничка сила.
Истакнав дека културните политики на нашата држава се темелат на „правото на култура“ и конвенциите на УНЕСКО.
Укажав дека младите, жените и лицата со попреченост мора да имаат еднаков пристап до културниот живот.
Нагласив дека меѓународната соработка, културната размена и дигиталната достапност се клуч за инклузивна и просперитетна култура.
Нашата визија е јасна: културната разновидност да биде двигател на одржлив развој, а културата – вистински дом на сите граѓани.