
Полскиот министер за одбрана, Владислав Косињак-Камиш, пристигна во посета на Киев, за да побара помош од Украина во развојот на капацитетите за борба против беспилотните летала.
Ќе потпишеме договор за соработка помеѓу министерствата (за одбрана), но и за стекнување вештини за управување со беспилотни летала, наведе Косињак-Камиш.
Дроновите, кои можат да се користат и за офанзивни и за одбранбени цели, се во центарот на вниманието на бојното поле од почетокот на војната во Украина пред повеќе од три години. Тие го променија начинот на кој се води војната, а земјите ширум светот се обидуваат брзо да ја совладаат технологијата.
Упадот на руски беспилотни во воздушниот простор на Полска минатата недела, кои беа соборени од борбени авиони на НАТО, ги зголеми тензиите во Источна Европа и загриженост дека војната би можела да се прошири надвор од Украина.