Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд изјави дека е подготвен за нов предизвик и заминување од клубот.
Претходно се појави информација дека 27-годишниот Англичанец е ставен на трансфер.
– Ако сфатам дека ситуацијата е веќе лоша, нема да комплицирам. Сум видел други играчи како заминуваат од Манчестер јунајтед во минатото. Кога ќе заминам, ќе дадам официјална изјава. Кога ќе заминам, тоа ќе го направам без навреда. Нема да слушнете негативни коментари од мене за Манчестер јунајтед. Лично, мислам дека сум подготвен за нов предизвик и да го направам следниот чекор, изјави Рашфорд за „Би-би-си“.
Дваесет и седумгодишниот Рашфорд за Манчестер јунајтед дебитира во 2016 година, постигна 138 гола на 426 натпревари