Skip to main content

ЦУК: Три пожари на отворено се под контрола, а еден е изгаснат

ДЗС

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 12 часот на територијата на целата држава се регистрирани вкупно четири пожари на отворен простор од кои три се под контрола, a еден е изгаснат.

Под контрола се држи пожарот во Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје „Јасен“ каде што гори мешана шума. Во Општина Гевгелија под контрола е пожарот на планината Кожуф каде што, како што соопшти ЦУК, има приземен пожар. Под контрола е и пожарот во Општина Долнени кај селото Долгаец каде што гори мешана шума.

Како што соопшти ЦУК, изгаснат е пожар во Општина Куманово на улица „Доне Божинов“ каде што горело ѓубриште.

Поврзани вести