
Поради непогодните метеоролошки услови и највените дожд и грмежи, општина Карпош, го одложи за еден ден почетокот на манифестацијата „Карпошово културно лето“.
Според одлуката, манифестацијата ќе почне утре (вторник) во 20 часот.
Почитувани љубители на културата и уметноста. Ве информираме дека се одлага почетокот на „Карпошовото културно лето 2025“, заради денешните неповолни временски услови за кои вечерва се најавуваат обилни врнежи на дожд. Според временската прогноза, утрешниот ден ќе биде идеален за отворање на оваа културна манифестација, за што ве повикуваме на заедничка дружба во 20:00 часот на платото кај Млечен. Дојдете утре, заедно да го отвориме Карпошовото културно лето и да уживаме во незаборавните мелодии на македонските евергрини“, се наведува во одлуката на општина Карпош.