
Денес ја одбројуваме 7 мата жртва на фемицид !, пишува на социјалните мрежи Катерина Котеска, адвокат против семејно насилство.
Девојче од 17 години го изгуби животот откако претходно го пријавила насилното момче за физички напад.
Колку што ми е скршено срцето,толку сум револтирана!!!
Уште еден пропуст на институциите да заштитатат жртва на насилство.
Овој пат малолетна.
Дете на нечии родители!
Нечија неостварена мајка ,сопруга,баба,на чеда кои никогаш нема да ги види.
И тоа во месец ноември ,месецот на борбата против насилството врз жената и семејното насилство.
Пак ќе правите трибини од 20 души за да” се одбележи денот”?
Пак ќе држат филипики индивидуи по службена и партиска должност?
За срам и арам сме!
Додека ни палат 17 годишни деца како жртви на фемицид ,ние се занимаваме дали жената е под надзор од мажот или не ,на социјалните мрежи!
Нека и е царство небеско,оти на земјата нема да го има никогаш,а на сите нас на душа!

Македонски




