
Македонија денес се наоѓа на клучна развојна крстосница, период во кој економските реформи, финансиската дисциплина и привлекувањето на странски капитал се поставени како врвен, бескомпромисен приоритет на државната стратегија. Секој одговорен политички субјект, секој зрел лидер и секоја конструктивна опозиција во едно демократско општество би требало да работат на зајакнување на овие столбови, свесни дека економската стабилност не е партиска сопственост, туку општо национално добро околу кое мора да постои консензус.
Сепак, македонската јавност по којзнае кој пат е принудена да сведочи на една поинаква, крајно деструктивна, антидржавна и ретроградна реалност. Опозицијата, предводена од дезориентираниот СДСМ и Венко Филипче, брутално покажува дека личниот, кариеристичкиот и теснопартискиот интерес ги става далеку пред државните и националните интереси на македонските граѓани.
Најдобар, најочигледен и најнов доказ за оваа политичка бескрупулозност е добро осмислената, оркестрирана и хистерична хајка околу случајот со „Алта банка“ од Битола. Опозициските редови, во недостиг на реални проекти, идеи и визија за иднината, свесно инфилтрираат паника, дезинформации и шпекулации во јавниот простор, директно удирајќи врз монетарната стабилност на државата. Ова не е само обична политичка дебата или легитимна критика кон власта, ова е свесен, добро проценет обид за финансиска диверзија врз сопствената татковина. Филипче и неговите партиски послушници покажуваат подготвеност да ја запалат куќата за да уловат само еден евтин политички поен, не водејќи сметка за штетата што можат да ја предизвикаат врз целиот банкарски систем.
За да се разбере суштината на овој случај и да се разоткрие оваа фабрикувана криза, потребно е најпрво нештата да се дестилираат од политичкиот отров кој секојдневно се пласира од „Бихаќка“ и да се согледаат низ призмата на суровите и објективни економски факти.
Што всушност претставува „Алта банка“ во македонскиот финансиски контекст?
Основната теза од која мора да се тргне, а која опозицијата намерно и тенденциозно ја замаглува со бомбастични изјави за некакви заговори и тајни зделки, е дека овде станува збор за класична, чиста деловна инвестиција на правен субјект од една држава во друга земја. Во конкретниов случај во Македонија. Тоа е легитимен деловен потег на странски инвеститор на слободниот пазар, кој одлучил да го пласира својот капитал во битолската банка.
Секој сопственик на капитал подлежи на законите и регулативите на пазарот каде што оперира. Проблемите кои настанаа со сопственикот на мајката-банка во Белград, Давор Мацура, и конкретните мерки за притвор кои ги преземаат српските правосудни и истражни органи таму, се прашања од исклучиво правен карактер кои се случуваат целосно надвор од нашите граници, лоцирани во друга држава. Апсолутно е небулозно, неписмено и крајно малициозно овие надворешни настани да се рефлектираат врз македонскиот финансиски пазар како некаков системски пропуст на домашните институции или како некаква имагинарна вина на сегашната владејачка гарнитура. Но, за СДСМ логиката и фактите никогаш не биле важни кога треба да се креира хаос.
Наместо да се покаже елементарно државничко однесување, зрелост и да се остават независните регулаторни тела да си ја завршат својата работа согласно строгите законски процедури, Венко Филипче и СДСМ брутално ја политизираат оваа тема. Нивната цел не е заштита на граѓаните, ниту пак некаква реална грижа за штедачите и нивните влогови. Нивната единствена цел е креирање на вештачка криза, ширење на дефетизам и создавање на психолошки притисок врз јавноста. Секојдневното бомбардирање со црни сценарија, апокалиптични најави и измислени паники за банкарскиот сектор не е ништо помалку од свесна дестабилизација и класична економска саботажа на сопствената држава.
Кога неодговорно, од партиска говорница, ширите дезинформации дека една банкарска институција пропаѓа, вие не напаѓате само еден бренд, едно име или едно менаџерско раководство. Вие во тој момент директно ги стимулирате и ги поттикнувате граѓаните во паника да трчаат по шалтерите и да ги повлекуваат своите тешко спечалени средства. Со тоа вештачки се предизвикува шок кој може да ја загрози стабилноста. Ова е класично сценарио за уривање на довербата во монетарниот систем, кој по својата природа на функционирање почива токму на психолошката стабилност и довербата на граѓаните во институциите. СДСМ свесно сака да ја урне таа доверба, надевајќи се дека во урнатините на економијата тие повторно ќе најдат шанса да се дограбат до власт.
Но, деструкцијата никогаш не доаѓа сама по себе и без скриени мотиви. Додека во јавноста СДСМ се обидува да наметне некаква евтина приказна за „српски светови“ и наводна загриженост за македонскиот финансиски суверенитет, во позадина се наѕира вистинскиот, валкан мотив зад оваа долгомесечна кампања. Во политичките кулоари и економските кругови сè погласно се отвора клучното прашање, дали зад оваа агресивна хајка на СДСМ всушност се крие подмолен, добро пресметан бизнис интерес?
Постојат повеќе од сериозни сомнежи, поткрепени и со партиски реагирања од владејачките редови, дека Филипче и СДС, преку континуиран притисок кон Народната банка на Македонија и систематско рушење на вредноста на Алта банка, свесно и намерно подготвуваат терен за евтино преземање на оваа банкарска институција од страна на контроверзен бизнисмен близок до нивната партија.
Тоа е веќе виден, добро познат и испробан транзициски рецепт од мрачните деведесетти години, чиј творец е токму оваа политичка матрица. Рецептот е едноставен, но брутален. Прво со медиумски линч и партиски хајки ја уништуваат вредноста на еден економски субјект, го прогласуваат за неликвиден и пропаднат, ја плашат јавноста и клиентите, а потоа, кога цената ќе падне на самото дно, напаѓаат со својот олигархиски круг на транзициски профитери да ја купат банката за беспари. Додека пред камерите Филипче глуми загриженост за граѓаните, во позадина се наѕира истиот тој незаситен профитерски менталитет кој ја клекна државата на колена во минатото, затвораше фабрики и оставаше илјадници семејства без леб.
Македонскиот народ не страда од амнезија. Тој има одлично паметење и добро ги знае и ги памети лекциите од поновата финансиска историја, особено кога станува збор за реални финансиски колапси кои се случуваа токму во времето на владеењето на СДСМ. Во овој контекст, паралелата со пропаста на „Еуростандард банка“ е не само неизбежна, туку и крајно поучна за да се види лицемерието на опозицијата.
Што се случуваше тогаш?
Под раководство и во време на апсолутна власт на СДСМ, видовме вистински, реален системски распад каде што илјадници семејства, пензионери, граѓани и успешни домашни фирми преку ноќ ги изгубија своите доживотни заштеди, своите плати и обртни деловни средства. Тогашната власт предводена од СДСМ со денови и месеци срамно молчеше, ги штитеше инсајдерите во менаџментот, ги криеше извештаите и свесно дозволи целосен крах на една голема банкарска институција, оставајќи ги луѓето на улица сами, без никаква институционална заштита, да си ги бараат своите права преку мачни, долгогодишни протести пред владата и судовите.
И сега, каква иронија и каков врв на безобразие. Истиот тој СДСМ кој со своето криминално неработење и замижување дозволи и немо набљудуваше како пропаѓа „Еуростандард банка“, денес запиња од петни жили, со сите свои расположливи пропагандни мегафони, лажни вести и партиски ботови, да дестабилизира и по секоја цена да предизвика пропаст на битолската банка!
Разликата во пристапот е очигледна и јасна за секој разумен човек. Тогаш, кога беа на власт, со својата корупција и неспособност уништија банка, а денес, кога се во опозиција, со своето деструктивно делување се обидуваат намерно да го направат истото, само за да уловат во матно и да спечалат некој безначаен политички поен.

Македонски




