
Кошаркарот на МЗТ Скопје, Марко Миловановиќ, се соочи со здравствени проблеми и ќе биде на „домашно лекување“. Тој ќе го пропушти мечот на македонската репрезентација со Унгарија закажан за в среда.
Црвено-жолтите против Унгарците ќе го имаат последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство 2027 година во Катар.
Инаку, сениорите го одработија планираниот вечерен тренинг во СРЦ „Кале“. Присуствуваше и Адем Мекиќ, кој има проблеми со левото колено, и остана надвор од теренот, односно на клупата за резервни играчи.
Натпреварот со Унгарија ќе се игра на 20 август од 19 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.