
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека ги поздравува напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина и постигнување траен мир, по самитот во Алјаска меѓу Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.
„Украина може да смета на нашата непоколеблива солидарност, додека работиме за мир кој ќе ги заштити виталните интереси на Украина и Европа во областа на безбедноста“, напиша Мерц на платформата „Икс“, повторувајќи делови од заедничката декларација што денеска ја усвоија европските лидери.