
Кошаркарите на Србија одигруваат контролни натпервари пред почетокот на Евробаскетот, но во составот го нема Василије Мициќ. Неговиот настап на Европското првенство е неизвесен.
Тој ги пропушти двата дуела во Лимасол против Грција и Кипар поради повреда.
Очекувам Мициќ да биде подготвен за Минхен и натпреварите што треба да ги играме таму. Утре ќе има тестирање и ќе видиме што ќе кажат лекарите. Тој работеше сам, но сосема по различно е кога тренираш сам и кога работиш со екипата, изјави селекторот на Србија Светислав Пешиќ.
Србија на денешниот дуел го совлада Кипар со 122:55 што е историски највисока победа.