
Вчера кај Железничката станица во Скопје избувна пожар во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Според првичните информации, засега нема податоци за повредени лица.
Пожарот предизвикал материјална штета, а на местото на настанот интервенирале екипи на противпожарната бригада, кои успеале да го локализираат огнот. Причините за запалувањето засега не се познати и ќе бидат утврдени со истрага.