Skip to main content
DTLHeBWgbHI

СДСМ не учествува на изборите, туку одработува за ДУИ

По носењето на срамната резолуција на Европскиот парламент од која исечзнаа термините македонски јазик и идентитет, веќе нема дилеми. Европската унија и Бугарија сакаат Македонскиот јазик и народ да исчезнат. Да не се лажеме, не се работи за никави уставни измени, тоа им е јасно на сите освен на СДСМ.Затоа, мислам дека прашањето за уставните измени е затворено. Македонија не треба да се откаже од членство во ЕУ, ако некогаш решат да не примат, но смееме да бидеме понижени и осакатени, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез.

EУ ште еднаш покажа дека Македонија за нив е непосакуваното дете, кое би го примила во нивното семејство ако тоа дете да биде запишано во матичните книги како новороденче со нов идентитет.Не e само Бугарија таа која сака да не избрише како нација и јазик.

Ја заборавивме Грција koja сега фаќа сеир отстрана и се уклучува кога треба да се помогне на сојузниците од Софија. Назад ни е зимата со Грција.

Ене онаа европратеничка Афродити Латинопули , гркинка ли е., од Елада ли е , Македонка ли е, не е задоволна ни од преспанскиот договор кој е десет нула за Грција и во кој Заев и Ципрас се договорија дека има два вида Македонци, грчки и овие овде од Скопиа што би рекла афродити.

Афродити кажи жити се какви се овие Македонците што играа оро за Илинден на средсело во Овчарани? Наши или ваши?

По оној циркус во Стразбур треба да ни стане дека Македонија нема пријатели меѓу европските пратеници. Дури и онаа словенечка пратеничка со македонско потекло игра двојна игра.

Знам дека убаво звучеше реченицата на Јовева дека „ На македонскиот народ не му треба ваша дозвола за да постои“ но истата таа Ирена пред неколку дена изјави дека  Уставните измени во моментов биле најреалната опција за деблокада на преговорите на Македонија со ЕУ.

Да не се заборави и поддршката на Јовева за шарената револуција на Заев која помогна да дојдеме на ова дереџе на кое сме сега, и со Грција и со Бугарија.

Знаете ли што е мишка. Неее не е тоа што мислите. Тоа е едно бугарско глувче по име Георг кое многу се осили откако главниот глодар по име Бојко му стана кум на мишката.Море имаше и глувчешка свадба. Во глувчешката дружина ја земаа и убавата Вилолета која е глувчешка новинарка. Глувчето Георг се осмели да си поигрува со еден лав од преку границата.

Откако лавот заржа глувчето мишка веднаш се пожали кај постарите глувци од каналализацијата.

Глувчешкиот собир му рече. Георг седи си мирен , каде се видело глувче да задева еден лав. Седи си во дупката, не оди по паметот на главниот стаорец Бојко од кого многу глувчиња наместо со сиренце во рачињата влегле во стапицата. И никогаш не излегле оттаму.

Македонија гори од пожари. Веќе на сите им е јасно дека потпалувачи се пиромани. Политички пиромани.

Како што објави Фокус, функционер на ДУИ е осомничен за подметнување на пожари а при претрес му се пронајдени запаливи материјали. На пироманите единствена цел им да се прикаже дека власта не може да се справи со пожарите и дека тие се спасителите.

Подобро сите да се запалиме и да се полиеме со бензин како што предлагаше Заев ако дојдеме до тоа ДУИ да бидат спасителите.

Се појави нова анкета за рејтингот на политичарите и партиите

На неколку месеци пред локалните избори, не треба да си политички експерт или пак симпатизер на некоја партија за да не видиш дека на СДСМ на овие избори им се заканува потоп. Дебакл.

СДСМ преку сила може да освои два-три градоначалници. Може нема ни толку. Кај политичарите сите лидери кога ќе се соберат немаат рејтинг колку премииерот Мицкоски. Венко дури не е ни на второ место, таму е неговиот коалициски партнер Али Ахмети.

Кај партиите пак ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред СДСМ. И оние од Бихаќка со цел памет ќе одеа и на предвремени парламетарни избори.

СДСМ на овие избори е помирен со пораз. Имаат само една цел-како да одработат за ДУИ , а ДУИ ако некогаш дојде на власт да го земе и СДСМ.

Во каков пад е ДУИ покажува тоа што дури и несудениот генерален секретар на НАТО Бујар Османи го спремаат за кмет на Чаир. А овие од СДСМ уште им одработуваат. Па нема појако. Еднаш поданик секогаш поданик, и во добро и во лошо.

А лошото за СДСМ допра доаѓа. Дали крајот вака мириса,коментира авторот на колумната.

Поврзани вести