Skip to main content

Фон дер Лајен сака да ја почасти Украина со нови 100 милијарди евра

Европската комисија планира да издвои 100 милијарди евра за Украина во рамките на својата нова буџетска рамка за 2028-2034 година преку Програмата за Украина.

Ова го објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција по состанокот на Колегиумот на ЕК.

-Издвојуваме 100 милијарди евра за Украина за да ја надополниме Програмата за Украина за поддршка на нејзиното закрепнување, отпорност и пат кон членство во Европската Унија, рече Фон дер Лајен.

Таа потсети дека по последната ревизија на тековниот буџет, 50 милијарди евра веќе се издвоени за Програмата за Украина.

Зборувајќи за вкупните бројки за новиот седумгодишен буџет на ЕУ, фон дер Лајен рече: „Ова е буџет од два трилиони евра за нова ера. Ова е буџет што ги исполнува амбициите на Европа, што ги исполнува предизвиците на Европа и што ја зајакнува нашата независност. Тој е поголем, попаметен и пофокусиран. Тоа е буџет што им користи на нашите граѓани, на нашите бизниси, на нашите партнери и на нашата иднина“.

Таа нагласи дека ова ќе биде најамбициозниот предлог за буџет на ЕУ досега.

-Тој е постратешки, пофлексибилен и потранспарентен, рече фон дер Лајен.

По предлогот за буџетот на Комисијата, Европскиот парламент и Европскиот совет ќе треба да ги усвојат своите формални ставови за него

Поврзани вести