Skip to main content

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија погоден во руски напад со балистички ракети

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден во руски напад со балистички ракети, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„‘Дарницка ЦХП-4‘ и станбена зграда се погодени во напад кој се случи без рано предупредување од нашите партнери“, кажа Зеленски.

Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека четири лица загинаа, а 25 се повредени во ракетен напад врз станбена зграда и дека се погодени неколку енергетски објекти.

Киев беше цел на повеќе руски напади откако Доналд Трамп во неделата објави дека Русија и Украина постигнале договор за прекин на нападите врз енергетскиот сектор. Двете страни не потврдија дека таков договор постои.

Украина го поддржа енергетскиот прекин на огнот, додека Русија нападна уште една електрана. Ова е апсолутно неправедно: тие ја уништуваат нашата енергетска инфраструктура, а Украина не добива ни рани предупредувања за лансирање балистички ракети. Важно е Соединетите Американски Држави да видат што навистина се случува и кој е одговорен за оваа континуирана војна“, кажа Зеленски.

Трамп вчера негираше дека САД престанале да споделуваат разузнавачки информации со Украина.

„Им помагаме и споделуваме разузнавачки информации. Сакаме војната да заврши. Затоа работиме и со нив и со Русија за да ја завршиме војната“, рече Трамп.

Поврзани вести