
Николина Гроздановска, директорка на Институтот за Клиничка биохемија, гостуваше во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“. Гроздановска се осврна на дигитализацијата, модернизацијата на шалтерското работење и истакна дека во институтот направени се големи исчекори во унапредување на здравствените услуги. Таа нагласи дека има подобрена ефикасност, прецизност, а бројот на пациенти кои дневно добиваат услуга е зголемен од 400 на 900.
Институтот за Клиничка биохемија се занимава со биохемиски анализи. Освен со стручна и професионална работа се занимава како терцијална установа и со научно истражувачка работа. се едуцираат кадри, здравствени кадри почнувајќи од средно медицински кадар до доктори коишто завршуваат медицински факултети, специјалисти и субспецијалисти, рече Гроздановска.
Таа изјави дека, имајќи предвид дека е вработена во институтот од 2011 година, многу добро ја познава внатрешната состојба и предизвиците со кои се соочува институцијата. Гроздановска истакна дека по нејзиното назначување за директор, бил формиран тим кој направил сеопфатна анализа на целокупната ситуација, а проблемите биле систематизирани според приоритет и биле одредени временски рокови за нивно решавање.
На почеток најголем проблем ни беше гужвата пред самиот институт, голем број на пациенти којшто чекаа да ја добијат својата услуга а ние бевме малку побавни. Проблемот беше што системот на шалтерското работење беше застарен со викање на пациентите. Тоа многу брзо и лесно се реши со мали интервенции без да чини многу пари, вели Гроздановска.
Гроздановска истакна дека е воведен дигитализиран систем со бројчиња и монитори, зголемен е бројот на шалтери и се користат бар-код скенери за побрз прием.
Воведовме дигитализиран систем со бројчиња, со монитори на коишто пациентите си го гледаат бројчето и гледаат на кој шалтер треба да се пријават. Го зголемивме бројот на шалтери кои што ги примаат пациентите. И истовремено воведовме бар код скенери, читачи коишто го читаат бар кодот кој што го има на самиот упат. Претходно шалтерските работниците внесуваа таму. Со скенирање на баркодот кој што го има на самиот упат, за две секунди се преземаат од нашиот лабораториски информативен систем сите податоци од Мој термин за потребните анализи и за пациентот. Многу се скрати времето на чекање. Ако порано чекаше два часа, пациентите за да дојдат воопшто на шалтерот, сега не се чека повеќе од 15 минути, кажа Гроздановска
Таа нагласи дека лабораториските анализи не се евтини, па затоа е важно што повеќе пациенти да добијат услуги во државните институции, каде што секој месец придонесуваат преку здравственото осигурување. Гроздановска потенцираше дека, благодарение на дигитализацијата, бројот на пациенти што добиваат услуга пораснал од 400 на речиси 900 дневно, што, според неа, претставува значителен напредок.
Институтот како државна установа има задача што повеќе пациенти да си ги добијат услугите за коишто секој месец плаќаат. Со ваквата дигитализација, неспоредбено е 400 до близу 900 пациенти на ден да добијат услуга. Мислам дека е голема разлика, истакна Гроздановска.
Гроздановска посочи дека вториот голем проблем бил застарената опрема и анализаторите, кои често се расипувале и барале сервисирање, што создавало дополнителни потешкотии и за персоналот и за пациентите. Таа нагласи дека веднаш започнала преговори за нивна замена, и во моментов Институтот располага со најнова генерација апарати.
Во моментов имаме комплетно сменети апарати, анализатори коишто се најнова генерација од таквите. Повеќето ги нема во Македонија, а ги нема и во блиската околина. Во моментов инсталираме, т.н интегрирани системи. Сега ние користиме интегрирани системи, двата се споени во еден, биохемискиот и имунолошкиот. Се намалува во трошењето на епрувети и се намалува времето за изработка на потребната анализа, значи резултатот ќе го добиеме многу подобро. Анализаторите се последна генерација во медицинската биохемија тоа значи дека и резултатите се многу попрецизни многу побрзо време се добиваат. Во моментов сега инсталираме комплетно автоматизиран систем. Таков автоматизиран систем нема на Балканот, заклучи Гроздановска.