Skip to main content

Сахарската прашина доаѓа во Македонија

Unsplash.com @ Armands Brants

Територијата на Македонија е под влијание на изразено јужно воздушно струење кое носи значителни количества прашина и песок од Сахара, поради што атмосферата е видливо заматена и загадена, пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Поповски на неговиот портал Метеоаларм.

Прашината од пустината Сахара, која често стигнува до Грција поради географската близина со Африка, претставува значаен фактор за загадување на воздухот во регионот.

Голема концентрација на прашина од Африка веќе ја зафати Грција, а појавата ќе трае до четврток, јавуваат грчките медиуми повикувајќи се на метеоролошки прогнози.

Во исто време, од југ се зголемува облачноста, што ќе донесе локални врнежи од дожд во текот на ноќта и денеска претпладне. Врнежи се очекуваат особено во западните и јужните делови од земјата, со слаб до умерен, а повремено и умерен интензитет.

Поради присуството на сахарска прашина, дождот ќе биде таканаречен „валкан дожд“, односно ќе содржи честички од песок и прашина.

Во Скопје и околината, исто така, се очекува слаб локален дожд во текот на ноќта и денеска претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.


И покрај променливото време и врнежите, пролетните температури остануваат релативно високи во Македонија, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.

Поврзани вести