Skip to main content

Богата програма на 25. издание на ОФФест со посебен акцент на Африканскиот континент

Во Скопје денеска ќе биде презентирана програмата на годинашниот 25. ОФФест. Фестивалот ќе трае од 3 до 6 јуни, а предвидена е богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на Африканкиот континент.

Следејќи ја убавата традиција, во прудружната програма на ОФФест ќе биде прикажан и култниот бразилски документарниот филм „ELIS & TOM“, соопшти организаторот.

Првите три фестивалски вечери ќе се одржат во Националната Опера и Балет а последната во Младинскиот Културен Центар.

Сите детали и информации за фестивалот и неговата извонредно силна, колоритна, инспиративна и возбудлива програма ги имате подолу и на веб-страната www.offest.com.mk Билетите се во продажба и достапни онлајн на: http://www.offest.com.mk/mk/bileti/, се додава во соопштението.

Поврзани вести