
Вечерва, на 4 јули (петок) со почеток во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт насловен „Оперска приказна од најубавите дела на Верди и Пучини“, во изведба на Марија Наумовска – Бакревски (сопран) и Андреја Наунов (пијано). Концертот е во рамки на Скопско лето.
Утревечер )сабота) со почеток во 20:30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концерт „Современа музичка ризница“. Настапуваат: Зоран Станишиќ (пијано), Гонца Богоромова Краповски (сопран), Анастасија Ристовска (вибрафон), Колос Цури (пијано), Стефан Котески (виолина), Михаило Арсенски (тенор).
Програмата содржи дела од: Т. Скаловски, Т. Прокопиев, Т. Зографски, В. Николовски, Љ. Бранѓолица, К. Дебиси, М. Равел, О. Респиги.