Дирекцијата за култура и уметност на Скопје информира дека овогодишното 47-мо издание на фестивалот Скопско лето свечено ќе се затвори утре, 30.07.2026г. (четврток), на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан со почеток во 20:30 часот со концерт насловен „Звук што расте“ – 40 години Камерен оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“.
Во свечената атмосфера на затворањето на 47. Скопско лето, Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ одбележува значаен јубилеј – 40 години постоење и континуирано музичко творештво. Под диригентската палка на Иван Еминовиќ, концертот носи програма составена од дела на современи македонски композитори, обединувајќи различни музички естетики, авторски пристапи и современи звуковни пејзажи. Јубилејната вечер претставува омаж на домашното музичко творештво и на долгогодишната улога на оркестарот во развојот на македонската музичка сцена.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Македонски



