Skip to main content

Тони Наумовски добитник на наградата најдобар машки актер на „Инди филм фестивал“ во Њујорк

Фејсбук профил на Тони Наумовски

Битолскиот актер Тони Наумовски, кој веќе 2 децении живее и работи во САД, ја освои наградата за најдобар машки актер на престижниот „Инди филм фестивал авордс“ (Indie Film Festival Awards) во Њујорк.

Наумовски е награден за улогата во филмот „Лена и Владимир“, научнофантастичен трилер режиран од Игор Алексов. Филмот веќе привлече внимание на неколку меѓународни фестивали, освојувајќи повеќе признанија.

По добивањето на наградата, Наумовски се огласи на социјалните мрежи, каде што напиша:

Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награда за најдобар машки актер за ‘Лена и Владимир’ со вас, од доделувањето на наградите на Indie Film Festival Awards во Њујорк“.

Наумовски е познат и по своите театарски и филмски улоги во САД, вклучително и по настапи во продукции на Нетфликс, ХБО и независни филмови.

Поврзани вести