
„Архитектура во период на транзиција низ делото на МБМХП+“ е посветена на творештвото и архитектонското наследство на проф. д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, како и на генерациите архитекти и соработници кои го продолжуваат овој архитектонски дијалог. Изложбата го претставува периодот на општествена, културна и економска транзиција низ архитектурата – како сведоштво за промените, идеите и континуитетите што ja обликуваат современата македонска архитектура. Знакот „+“ во МБМХП+ ja означува соработката, пренесувањето на знаењето и архитектурата како колективен процес.
МИА

Македонски


