Skip to main content

„Фотографија со други очи“ – Завршна изложба на регионалниот проект „Out of Frame“ во Музеј на град Скопје

Во изложбениот простор на Музејот на град Скопје, вечер ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Рекреација на видот: Да ги погледнеме фотографиите со други очи“. На изложбата ќе бидат претставени фотографиите на младите фотографи од Србија, Црна Гора и Македонија.

Најавено е присуство на партнерите и менторите – Славица Христова, кустос од Музејот на град Скопје, Александра Ристовска, фотографка и деканка на Факултетот за визуелни уметности на „International Balkan University“, Сашо Алушевски, директор на фестивалот ЗРНО од Скопје, Владимир Јовановски, директор на фестивалот Малински од Куманово, Звездан Манчиќ, директор на фестивалот VIZUALIZATOR од Белград и Далибор Шеваљевиќ, директор на фестивалот Tivat Photo Days од Црна Гора.

Изложбата претставува големо финале на пионерскиот регионален проект „Out of Frame: Promoting New Perspectives Through Photography“, подржан од British Council, а кој во изминатите десет месеци беше воден од Центарот за развој на фотографијата од Белград, со партнерите од Црна Гора – организација Fluid Drum и со подршка на Музејот на град Скопје.

Проектот се реализира во рамките на програмата Culture and Creativity for Western Balkans (CC4WB). Проектот Culture and Creativity for Western Balkans (CC4WB), е финансиран од страна на Европската унија. Преоектот се реализира во рамките на прогамата насочена кон поттикнување на дијалогот на Западен Балкан, преку јакнење на културните и креативните сектори и засилување на социо-економското влијание.

-Изложбата во Музејот на град Скопје ја заокружува работата на младите фотографи од Србија, Црна Гора и Македонија, кои во изминатиот месец поминаа низ интензивна менторска работилница, под водство на истакнати автори и педагози. Работата на младите автори од Македонија за прв пат ќе биде претствена на јавноста, заедно со работата на авторите од регионот. Во центар на вниманието се наоѓаат младите гласови и новите авторски погледи, кои низ објективот проговоруваат за секојдневието, идентитетите и просторот кој ги обликува. Во време во кое вистината се потешко се пронаоѓа меѓу сликите, Al aлатите, младите автори нудат автентичен и личен поглед ослободен од клишеа и конвенции, соопштија организаторите.

Поврзани вести