
Никола Стојковски (ФИН Проект) и Тања Царовска на Фестивалот „Скопско лето“ ќе го одржат промотивниот концерт на нивниот нов музички албум насловен „Егрегор”.
На концертот кој ќе се одржи на трети јули, (четврток) на една од нај инспиративните концертни локации во Македонија, Куршумли Ан (Стара Скопска Чаршија) со почеток во 20 часот, како гости ќе настапат и Петар Христов (саксофон и кларинет) и Горан Трајкоски – Готра, на пијано Билјана Петровска, бас и контрабас Андреа Мирческа, како и Илија Јовчев – виолина, Ева Ристеска – виолина, Ангела Винтовска -виола и Александар Ицковски – виолончело.