Skip to main content

Ништо без женa: Со посредство на Меланија Трамп договорен локален прекин на огнот на југот на Украина

Прекинот на борбите почна во 3 часот наутро, за да се овозможи влез на хуманитарна мисија во градот Олешки, кој е под руска окупација, подоцна во текот на неделава.

Меланија Трамп водеше разговори со цивилни преговарачи од Русија и Украина, по средбата со претставници на Обединетите нации, кои ја запознаа со состојбата во градот, соопшти нејзиниот кабинет.
Околу 2.000 луѓе останаа заробени во Олешки, на околу 550 километри југоисточно од Киев, со сè помали резерви храна и лекови. Според податоците на Обединетите нации, тие не можат да го напуштат подрачјето поради поставените мини и нападите со дронови.

Руските и украинските преговарачи, како и армиите на двете земји, во одделни соопштенија потврдија дека примирјето стапи во сила.

Предвидено е локалното примирје да трае до сабота, а можеби и подолго, иако длабоката недоверба меѓу Русија и Украина ги оневозможи претходните обиди за воспоставување прекин на огнот.

Само неколку минути по 3 часот наутро, серија експлозии го потресоа Киев, а во повеќе делови од земјата се огласија сирените за воздушна опасност.

Хуманитарната мисија е планирана во пресрет на новата рунда преговори меѓу Русија и Украина, со посредство на САД, која се очекува следниот месец. Целта на разговорите е завршување на војната по повеќе од четири и пол години борби.

Поврзани вести