Skip to main content

Натепана охриѓанка со тешки повреди заврши во болница

Охриѓанка со тешки повреди завршила во болница откако била нападната од сограѓанка.

Како што информира МВР, вчера во 12:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, М.Х физички ја нападнала 59-годишната Б.Х., двете од Охрид, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против М.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Поврзани вести